Јованка Броз во моментот на смртта била сосема сама
Животот на најмоќната дама на поранешна Југославија, Јованка Броз, згаснал во осаменост. Вдовицата на Јосип Броз Тито вчера почина на 89 годишна возраст во клиничкиот центар во Белград.
Како што пренесува Ало.рс, срцето на Јованка веќе не реагирало ни на максимални дози лекови. Таа била во полусвесна состојба, а во моментот кога умирала, никој од нејзините блиски не бил до неа.
Инаку, Владата на Србија денеска на седница одлучи да ја исполни последната желба на Јованка Броз, па така таа ќе биде закопана покрај Тито во Куќата на цвеќето.
21.10.2013 - 14:08