Почина легендарниот возач на Формула 1, никогаш не стана шампион
Легендата на автомото спортот, Британецот Сер Стирлинг Мос, по долго боледување почина денеска на 90-годишна возраст.
Станува збор за еден од најдобрите возачи на сите времиња, а во кариерата има 212 победи на вкупно 529 трки на кои настапил. Во историјата е запишан како најдобар натпреварувач кој никогаш не освоил титула во Ф1. Во седумте сезони во кои се натпреварувал во најбрзиот циркус, победил на 16 трки, а дури четири пати бил второпласиран во генералниот пласман и тоа во периодот помеѓу 1955 и 1961 година. Најблиску до круната бил во 1958 година, кога како возач на Ферари не успеал да триумфира за само еден поен.
„Почина онака како што и живееше – прекрасно. Само ги затвори своите прекрасни очи и замина“, изјави неговата сопруга, Лејди Мос.
Кариерата во Ф1 ја заврши во 1962 година, кога имаше сериозен инцидент по директен удар во оградата со неговиот Лотус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа