Робен поминал низ драма – сопругата имала коронавирус и со денови тешко дишела
Сопругата на поранешниот холандски фудбалер Арјен Робен била позитивна на коронавирус.
Тој и неговата сопруга Бернанди поминале низ вистинска животна драма. Поранешниот играч на Баерн, Челси и Реал Мадрид опиша низ што поминала неговата сопруга.
-Не беше лесно, но за среќа оздраве. Ѝ беше многу лошо. Притисокот во градите и отежнатото дишење беа најлошата работа и нималку не беше пријатно. Ова не е нешто што поминува за ден или два, беше потребно доста време за да се излечи. Бевме во карантин две недели и мило ми е што сега состојбата и се подобри. Беше страшно. Симптомите не и беа лесни. Едвај дишеше со денови и тоа чувство го опишуваше како некој да и седи на градите, опиша Робен.
Таа во моментот е во добра здравствена состојба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа