Љубоморен маж ја изрешетал со куршуми поранешната девојка и нејзиното ново момче
Крвав настан ја потресе хрватската јавност. Љубоморен маж пукал кон својата девојка и нејзиното ново момче.
Инцидентот се случил вчера во 21 часот на патот меѓу Феричанец и Ораховица во Хрватска, каде бесниот маж ја запрел својата 24-годишна девојка и новото момче и пукал кон нив. Девојката со пет прострелни рани била веднаш пренесена во болница, а сега се наоѓа во животна опасност.
Напаѓачот неколку дена претходно на Фејсбук ставил слика на калашников и бомба со предупредување дека ќе ја убие поранешната девојка. По инцидентот бил веднаш уапсен.
21.10.2013 - 10:54
Фото:
Сител