Ливерпул чека 30 години на титула, а за Мане не е проблем ако се поништи сезоната
Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул Садио Мане нема ништо против и да се поништи сезоната во Премиер лигата, иако неговиот тим е убедливо прв.
Клубот од Енфилд има дури 25 бодови повеќе од Манчестер сити и на пат е да ја освои долго чеканата титула.
Дури три децении трае чекањето на навивачите, но за Мане тоа не е важно.
-Ја сакам својата работа, фудбалот и сакам да победувам на терен. Сакам до трофеј да дојдам со победа на теренот, а не вака. Ќе разберам ако не добиеме титула, рече Мане.
08.04.2020 - 19:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа