Семејството на 15-годишната Ромка протерано од Франција нападнато во Косовска Митровица
Насилници во Косовска Митровица го нападнале семејството на 15-годишната Леонарда Дибрани, кое беше протерано од Франција.
- Семејството Дибрани шетале низ Митровица со децата, кога биле нападнати од непознати лица, соопшти полициски претставник, кој побарал анонимност.
41-годишната мајка на Леонарда, Џемила добила неколку удари во главата, по што била префрлена во болница, додека децата се згрижени во полициска станица во состојба на шок.
- Ова докажува дека семејството Дибрани не безбедно овде, промоментира полицискиот претставник.
Протерувањето на Леонарда и нејзиното семејство од Франција предизвика жестока реакција во француската јавност, особено што 15-годишното девојче беше приведено од полицијата пре одите на нејзините соученици додека биле на училишна екскурзија. Семејството Дибрани од 2009 година престојуваше во Франција, каде поднесоа барање азил кое беше одбиено, по што тие беа депортирани во Косово.