Регионална школа за сајбер одбрана во Охрид

 

Над 45 лица вработени во државни институции во Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Хрватска и од Црна Гора, ќе учествуваат на НАТО регионалната школа за сајбер одбрана што денеска ќе се одржи во Охрид. Школата е коорганизирана од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје и од Правниот факултет од Љубљана, Република Словенија.

Во рамки на школата бидат обработени елементи од сајбер стратегиите, развојот на вештини и техники за креирање на одбрана од технички аспект, како и обработка на прашања и развивање вештина од доменот на меѓународното право кои се однесуваат на оваа област.

За време на школата, учесниците ќе имаат можност преку заеднички сесии и пленарни предавања од врвни експерти од областа да ги научат најновите достигања во сајбер одбраната.

Работилницата за сајбер одбрана ќе ја отвори министерот за одбрана Талат Џафери.

 

21.10.2013 - 09:01

најчитано сега