Српската Влада одлучува дали Јованка Броз ќе биде закопана до Тито

 

Владата на Србија денеска на седница треба да одлучи дали вдовицата на Јосип Броз Тито, Јованка Броз, која синоќа почина на 89-годишна возраст, ќе биде погребана до лидерот на СФРЈ.

Како што пренесува Кафе.ба, српскиот премиер Ивица Дачиќ потврдил дека денеска ќе се расправа на седница за погребот на Јованка Броз.

- Што се однесува до нас како Влада, спремни сме да го исполниме барањето на Јованка и нејзиното семејство, да биде закопана до Тито, вели Дачиќ.

Инаку, вдовицата на Тито почина вчера во Клиничкиот центар во Белград откако пред еден месец беше донесена и се одржуваше во живот со помош на апарати.

21.10.2013 - 08:59

најчитано сега