Јувентус не сака да биде шампион на Серија А, ако сезоната биде скратена
Уште минимум еден месец, фудбалската топка низ цела Европа (освен Белорусија) нема да тапка по терените поради пандемијата од коронавирусот.
Се прават планови како и кога да продолжи сезоната, а некои фудбалски лиги (Белгија и Холандија) веќе планираат да ги прогласат за шампиони актуелните лидери на табелата. Со ова не се согласува УЕФА, а очигледно и претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина.
Тој вели дека ниту Јувентус не сака на таков начин да освои шампионска титула иако е моментален лидер на табелата со само еден бод повеќе во однос на Лацио.
Наш главен приоритет е да ја завршиме оваа сезона, изјави првиот човек на италијанскиот фудбал.
-Нашата идеја е да продолжиме со натпреварите некаде околу 20 мај и да финишираме во јули. Има некои разговори сезоната да трае дури до август и септември, но искрено не би сакал да нарушам уште една сезона на сметка на оваа. Да ја поништиме актуелната натпреварувачка година е навистина комплексно. Би било многу неправедно. ‘Скудетото’ би требало да се додели на лидерот, а мислам дека Јувентус е на ставот дека не сака на таков начин да дојде до насловот, вели Гравина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа