Насилници од Пробиштип крвнички претепале малолетник
Во Пробиштип синоќа се случил инцидент кога двајца млади насилници физички нападнале свој сограѓанин.
Петнаесетина минути по полноќ, 18-годишниот И.С. и 22-годишниот С.Н. од Пробиштип, физички го нападнале 17-годишниот Б.Н. удирајќи го во пределот на стомакот и главата.
На малолетникот му бил констатиран хематом на левото око.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
20.10.2013 - 13:51
Фото:
Инпрес