Канчевска: СДСМ лаже - ќе се видиме на суд

 

Министерството за култура утре ќе поднесе пријава против портпаролот на СДСМ Петре Шилегов во однос на, како што денеска рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, сето она што го кажа вчера, кога излегува и катастрофално без никаква свест и совест ја лаже јавноста со документи кои не се точни, дека се склучени во четири очи голем број анекс договори за објектот „Стар театар“.

Ова денеска одговарајќи на новинарско прашање го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која рече дека и покрај тоа што имале целосен отчет од страна на Министерството, директорот на Службата за општи и заеднички работи, тогашниот градоначалник на општина Центар, каде на новинарите им била поделена целокупната документација, договори, анекси кои се склучени во однос на сите овие инвестиции, СДСМ немајќи концепт, немајќи конструктивни идеи и предлози, наместо да се посвети и да понуди на јавноста и на граѓаните некои конструктивни предлози кои ќе бидат во интерес и во областа на културата и во останатите области, кај нив изостанува и повторно се служат со манипулации, со груби невистини во делот на проектот „Скопје 2014“.

- Јас и преку соопштение вчера до медиумите и еве лично ќе кажам, значи доколку смета СДСМ дека нешто е прекршено и е работено надвор од законот, мислам дека конечно време дојде да не се кријат зад параванот како што кажаа усна кривична пријава, како што секојдневно ја известуваат лажно јавноста со најразлични документи кои не се точни, тоа и вчера го видовме. Во однос значи претходно за иницијативите од страна на Министерството за култура, јас и вчера кажав и денес ќе потенцирам дека согласно Законот за споменици и спомен обележја, секој граѓанин може да поднесе иницијатива до општината, рече Канческа-Милевска по посетата на неколку работилници во рамки на првото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони“ во Македонија.

Тоа, посочи министерката, јасно и децидно стои во членот 4 и 5 од Законот каде што се потенцира дека поднесување иницијатива може да биде од физички и од правни лица. - Така што доколку смета дека поднесувањето на иницијативата oд Министерството за култура  е незаконски, слободно може да поднесе кривична пријава, а да не се крие зад такви лажни информации, што е тоа усна кривична пријава. Слободно треба да поднесе кривична пријава, ние сме тука и мислам дека конечно треба да се затвори оваа тема и по судски пат, по еден легален пат, да ја докажеме вистината, што е точно, што не е точно, додаде Канческа-Милевска.

20.10.2013 - 13:44

најчитано сега