Фудбалер на Ајакс се разбуди од кома по речиси три години

 

Абделхак Нуди, фудбалер на Ајакс, се разбуди од кома во која беше од јули 2017 година.

Тој на пријателски натпревар против Вердер доживеа срцев удар, но од ударот претрпел и оштетувања на мозокот.

Неговиот брат соопшти дека Абделхак не е веќе во кома, дека се опоравува и оти сега може да комуницира и да ја мрда устата.

Неговиот татко изјавил дека сите поминале низ „сериозно искушение“.

-Мораме да се грижиме за него за да му биде добро. Се трудиме и понатаму даваме сѐ од себе, изјави неговиот татко.

Нури ја помина школата на Ајакс и беше еден од најталентираните играчи на амстердамскиот клуб.

Ајакс по инцидентот призна дека немало адекватна лекарска помош на теренот и ја прифати одговорноста за последиците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега