Натпреварите во Серија А може да се играат во јули-август
Габриеле Гравина, претседател на Италијанската фудбалска федерација, посочи дека сезоната во Серија А може да се доигра се игра во јули и август.
– Не губам надеж за продолжување на првенството. Ќе дадам се од себе за да се случи ова. Meне ми биде многу тешко да се откажам. Јас разбирам дека е рано да размислите за одреден датум, но треба да размислите позитивно. Ќе дадеме се од себе, ќе се обидеме да играме дури и ако бараме поддршка од УЕФА и ФИФА за да организираме натпревари по 30 јуни, и да ги искористиме придобивките што ни ги даваат јули и август, изјави Гравина.
Тој ќе смета за личен пораз ако сезоната се откаже.
-Тоа ќе биде мојот пораз. Тоа ќе ја намали важноста на натпреварувањето, нагласи Гравина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа