Тетовчанец избегал од затвор и пукал кон полицијата

 

Тетовската полиција трага по 33-годишниот Ј.Р. од тетовското село Ларце кој вчера пукал кон полицајците кои се обиделе да го приведат врз основа на судската наредба од Основен суд Скопје за доиздржување затворска казна во траење од 6 години.

И покрај полициските наредби да застане и да го фрли оружјето тој продолжил да пука и избегал во блиската шума, а полицијата трага по него.

- Додека кон полицијците се приближувало возило „Голф 2“ без регистарски таблички Ј.Р. кој бил на совозачкото место веднаш откако ги забележал полицајците излегол од возилото и со пиштол почнал да пука кон нив на оддалеченост од околу петнаесеттина метри и да бега кон блискта шума.Од страна на полицијата веднаш му било наредено да застане и да го фрли оружјето, но бегалецот продолжил да пука и да бега. Полицајците испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух, но тој успеал да избега по што патролата го привела возачот на Голфот М.Р.(23), брат на бегалецот, појасни Јосифовски, пренесе МИА.

 Инаку, Ј.Р. од затворот во Штип избегал на 12. октомври минатата година и тоа откако добил домашно отсуство по што не се вратил назад на доиздржување на казната од уште 6 години затвор. 

20.10.2013 - 12:15

најчитано сега