Шурата на претседателот Иванов се бори за живот

 

Братот на сопругата на претседателот Ѓорѓе Иванов, Маја Иванова, се бори за живот на скопските клиники откако доживеал страотна сообраќајна несреќа.

Според информациите на порталот Телеграф.мк, до несреќата дошло откако шурата на претседателот Иванов, Сашо Тоневски, возејќи се со моторцикл, изгубил контрола, при што удрил во металните столбови на булеварот Мајка Тереза, при што се здобил со сериозни повреди.

Повредениот бил веднаш пренесен во Ургентниот центар, а според податоците на Телеграф, се наоѓа во животна опасност.

19.10.2013 - 12:30

најчитано сега