Артета позитивен на коронавирусот, цел Арсенал во карантин
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета е позитивно тестиран на коронавирусот.
Тој само уште еден во низата фудбалски работници кои го добија коронавирусот.
Артете во средата требаше да биде на клупата на својата екипа во натпреварот против Манчестер сити, но тој беше откажан.
Арсенал преку соопштение објасни дека Артета сега е во самоизолација, но и сите членови на клубот ќе бидат тестирани и сместени по протокол.
Претходно, и дефанзивецот на Сити, Бенџамин Менди исто така отиде во самоизолација бидејќи негов близок роднина со кого бил во контакт го има вирусот.
Club statement: COVID-19
— Arsenal (@Arsenal) March 12, 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа