УЕФА има план како да се завршат Лигата на шампиони и Лигата на Европа
Видео-конференцијата помеѓу претставници на 55 членки на УЕФА ќе го одреди понатамошниот тек на фудбалската сезона во Европа.
Како што објавува француски „Л‘Екип“, Европското првенство закажано за втората половина на јуни и првата половина на јули ќе биде одложено за 2021 година.
Целта на УЕФА е што поскоро да ги заврши Лигата на шампионите, Лига Европа и националните првенства со цел да бидат познати учесниците на еврокуповите за следната сезона.
„Скај Спорт“ пишува дека планот на УЕФА за двете меѓународни клупски натпреварувања во Европа е да се игра на принципот секој меч да биде како финале. Тоа значи дека во четвртфиналето и полуфиналето ќе се одигра по еден меч на неутрален терен за да се добие на време.
Финалето на Лигата на шампионите е закажано за 30 мај во Истанбул, додека во Лигата на Европа ќе се одржи три дена подоцна во Гдањск.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа