ВИДЕО: Клоп повторно лут откако го прашаа за коронавирусот

 

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп одржа прес-конференција пред реванш натпреварот со Атлетико Мадрид.

Тој повторно доби прашање во врска со корнавирусот, како и пред една недела, кога неговиот одговор стана хит на социјалните мрежи.

Најпрво го праша новинарот дали живее во Мадрид и дали е загрижен за коронавирусот.

Новинарот одговори дека не е загрижен, бидејќи тој не игра фудбал, на што Клоп продолжи со широк одговор, јасно ставајќи до знаење дека не е воодушевен од прашањето.

-Не е тоа ништо посебно. Фудбалот е само игра. Ние не сме општеството, туку само негов дел, но ти сеедно долета од Мадрид. Зошто не остана таму? Ги затворија училиштата, јасно е дека сме загрижени. Ти очигледно мислиш дека фудбалот е вреден за патувањата. Тоа е наш заеднички проблем, ние играме фудбал, но не можеме да го запреме вирусот. Мораме да го работиме тоа што го работиме, рече Клоп.

-Во овој момент сите играчи се здрави, зошто да бидеме загрижени? Она што го правиме кога не се ракуваме е испраќање порака. Добро е за тебе, а добро е и за мене да не се ракуваме. Важно е дека 22 потполно здрави играчи ја праќаат таа порака, рече Клоп.

10.03.2020 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега