Шампионот на Италија ќе се решава преку плејоф?
Сите спортски натпревари во Италија, како и Серија А се прекинати до трети априлпо состанокот, кој го одржаа спортските сојузи и Олимпискиот комитет на Италија, а одлуката ја потпиша премиерот на државата, Џузепе Конте.
Оваа одлука се однесува на натпреварувањата кои ги организираат спортските сојузи во Италија, а на таков потег се решија властите откако во еден ден дури 97 лица го загубија животот, додека бројката на заразени постојано расте.
Како една од опциите за да се дознае шампионот на Италија се споменува играње на плејоф, иако не е исклучена можноста Скудетото да му се даде и на лидерот на табелата, а тоа во овој случај е Јувентус, но тогаш секако ќе има бурни реакции од остантите гиганти.
„Разговараме за секоја идеја и како лигата ќе се одвива понатаму. Идејата е сезоната да заврши со играње на сите натпревари, но мора да разгледаме и други опции. Меѓу тие опции е и прогласување на шампион на основа на моментална позиција или преку плејоф“, порачаа од Италија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа