Заврши сезоната за ѕвезда на Арсенал поради тешка повреда
Арсенал потврди дека Лукас Тореира најверојатно нема да може да му помогне на тимот до крајот на сезоната по повредата што ја заработи против Портсмут во ФА Купот.
Уругваецот има скршеница во скочниот зглоб и минималниот период за рехабилитација е 8 до 10 недели. Клупските доктори прогнозираат дека фудбалерот од средниот ред нема да може да игра до крајот на сезоната.
Ако Тореира се рехабилитра како што треба без компликации, би требало да биде фит за настап за Уругвај на Копа Америка ова лето.
09.03.2020 - 18:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа