ПСЖ е подготвен да ги исполни условите на Лацио за трансфер на Милинковиќ-Савиќ
Челниците на ПСЖ се подготвени да го одврзат ќесето за трансфер на Сергеј Милинковиќ – Савиќ. пренесува „Газета дело спорт“.
Според пишувањата на Италијанците, спортискиот директор на парижани, Леонардо, изразил голема желба да го види Србинот во својот клуб. За трансфер на Савиќ се шпекулира со години, но годинава игра одлично, па затоа светските медиуми често пати го пречеслуваат од едно на друго место.
Инаку, Леонардо сакаше да го донесе Сергеј уште во Милан пред неколку години, но не суепа во намерата поради лошата финасиска ситуација на „росонерите“.
Според последните информации, ПСЖ се согласил да ги исполни барањата на претседателот на „небесно сините“, Клаудио Лотито, кој за Савиќ бара отштета во висина од 100 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа