Милан му дал отказ на Звонимир Бобан преку писмо

 

Спортскиот директор на Милан, Звонимир Бобан, добил наредба да го напушти тимот по неодамнешната изјава која ја даде за „Газета дело Спорт“, кога јавно го критикуваше извршниот директор Иван Газидис.

Заедно со него треба да си замине и Паоло Малдини, а се споменуваат уште неколку имиња, како тренерот Стефано Пиоли, фудбалерот Златан Ибрахимовиќ…

Но, она што ги загрижува навивачите на Милан е начинот на кој е избркан Бобан. Имено, како што пишуваат италијанските медиуми, Хрватот бил информиран преку писмо во петокот. Во него наводно било образложено дека причина за добиениот отказ се критиките кои ги има искажано во медиумите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2020 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега