Кондарко не кажува зошто си оди од ДИК

 

Без образложение, Кондарко си заминува од Државната изборна Комисија. Извори на Press24 од Собранието велат дека во оставката која пристигнала до законодавниот дом, Кондарко само побарал да му биде констатиран престанок на мандатот, без да наведе од кои причини се повлекува. 
Оставката уште пред неколку дена ја најави лидерот на СДСМ.
Премиерот Груевски вчера на партиската трибина во Прилеп рече дека Кондарко заминува по налог на неговата партија.

„Едно време бараше начини СДСМ да ги избегне изборите со тоа што го создаде 24 декември, па потоа поминаа локалните избори и им текна за избирачките списоци, а само што излеговме од избори, а тие се прочистија. Потоа четири пет месеци, Државната изборна комисија која ја води човек делегиран од  СДСМ не се состануваше за да не дојде до ситуација да ги прочисти избирачките списоци, зошто ако ги прочисти неговиот партиски шеф ќе нема што да каже ако евентуално дојде во ситуација за предвремени избори, истите да ги одбегне, нагласи Груевски.

Press24 и денеска се обиде да стапи во контакт со Кондарко, но тој веќе неколку дена не се јавува на својот телефон. 

18.10.2013 - 13:23

најчитано сега