ВИДЕО: Сите се воодушевени од чизкејкот кој не дебелее - може да се јаде без грижа на совест

 

Најтешко од се во исхраната е да се откажеме од слатките и добри колачи. Ако водите здрав живот и здраво се храните, тогаш сигурно сте се откажале од слатките јадења.

Меѓутоа, ви нудиме рецепт кој многу лесно и брзо се подготвува, а „здрав“ е и што е најважно нема многу калории.

Потребно за овој чизкејк ви е:

-3 јајца

-500 грама младо сирење

-екстракт од ванила

-30 грама протеин

-200 грама кисело млеко

-лажица мед или по желба

Сирењето, јајцето, екстрактот од ванила, 150 грама кисело млеко се матат и се ставаат во тепсија. Потоа  100 грама младо сирење, 50 грама кисело млеко, 30 грама веј протеин, малку екстракт од ванила и малку вода се мешаат да бидат погусти од првата смеса, за да не се соединат во тепсијата. Се пече 45 минути на 150 степени.

Колачот имаа 900 грама, калории 810, протеини 104, јаглени хидрати 45 грама, а масти 13 грама.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега