Вучиниќ заврши на суд: Италијанските власти му го запленија имотот поради затајување данок

 

 

Црногорската фудбалска легенда Мирко Вучиниќ мора да се појави на суд поради наводите дека затаил данок од околу 6 милиони евра.

Станува збор за данок за период од 2014 до 2017 година. Меѓутоа, Црногорецот во тој период не играше во Италија.

Италијанските власти му замрзнаа имот вреден 3 милиони евра. Станува збор за две куќи во Лече и една вила во Рим.

Вучиниќ играше за три тима од Италија, Лече, Рома и Јувентус. При крајот на својата кариера замина за Обединетите Арапски Емирати.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега