Скопјанец остана без 10.000 евра

Празниците се одлично време за крадците. Во периодот од 02 до 06.05.2013 година, во Скопје, на ул. „Миле Поп Јорданов“, непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во станот на С.М.(59), од каде одзел златен накит, антиквитети, парични средства и дигитална камера, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 600.000 денари. Од МВР најавуваат мерки за откривање на сторителот.

најчитано сега