Конечно се огласија Лејкерси: Коби беше повеќе од кошаркар, уништени сме!
Минаа четири дена од трагичната смрт на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант. Светот не престанува да жали по НБА-легендата, тагата од ден на ден е се поголема.
Коби заедно со својата 13-годишна ќерка и уште осум лица трагично го загубија животот во хеликоптерската несреќа.
Клубовите ширум светот, не само кошаркарските, туку и останатите изразија сочувство, конечно дојде и редот на неговиот единствен тим ЛА Лејкерс, во кој мина 20 сезони.
“Уништени сме и тажни по изненадувачкиот губиток на Коби Брајант и неговата ќерка Џиана. Ја испраќаме сето љубов на Венеса и семејството Брајант, како и до семејствата на останатите патници. Зборовите не се доволно за да кажеме што значење Коби за ЛА Лејкерс, нашите навивачи и нашиот град. Тој беше повеќе од кошаркар, беше сакан татко, сопруг и соиграч. Неговата љубов и светло засекогаш ќе останат во нашите срца„, пишаа Лејкерс, кои сакаат да помогнат на семејствата на настраданите преку организацијата „MambaOnThree“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа