Стоилов по натпреварот: Вината за поразот е кај нас
Ракометарите на Македонија го завршија својот настап на третото место од групата Б на Европското првенство, со поразот од Австрија од 32-28, а по поразот се огласи и Стоилов.
- „Незнам што да кажам. Концентрацијата беше на ниско нив, имавме многу падови во играта. Недозволиво е на вакво натпреварување да се случуваат такви грешки. Вината е кај нас играчите. Недостигаше концентрација, секој по една грешка ако направи и натпреварот е загубен“, истакна Стоилов, јави Гол.мк.
14.01.2020 - 20:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа