Со малку пари направете ги печените компири крцкави и вкусни - тајната е во евтината состојка која сите ја имате
Печените компири често се наоѓаат на нашата трпеза, пред се затоа што одлично одат со скара, пилешко, колбаси, шницли, риба и секој вид на месо.
За да биде крцкав и сочен потребно ви е палента. Токму таа на компирот ќе му даде потребна крцкавост. За нешто побогат вкус може да додадете и некој друг зачин.
Ви претставуваме рецепт за печени компири со кои ќе ги воодушевите домашните.
Состојки:
1,5 кг. компири
3 лажици маслиново масло
100 гр. палента
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Компирите исечете ги на крупни парчиња и варете ги во зовриена посолена вода додека не омекнат. Процедете ги и оставете ги да се исушат.
Во тава за печење додадете го маслиновото масло, компирите, палентата и сол и убаво промешајте. Распоредете ги во еден слој и печете околу 30тина минути.
Добар апетит!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа