Видео: Жена собрала 60.000 салвети
Антонија Козакова од Словачка има најголема колекција на украсни салвети во светот.
Триесет и деветгодишната жена собрала 62.757 салвети кои вредат 472.000 евра. Салветките се од различни земји во светот, а најстарата е од 1940 година.
- Мојата колекција е уникатна и немам дупликати, вели Козакова.
Таа салветите ги чува во својата работна соба, и сака салветка со својот лик и со потпис на нејзиниот омилен актер Арнолд Шварценегер.
Благодарение на своето хоби Козакова собори повеќе рекорди, а нејзиното име е запишано во Гинисовата книга на рекорди.
14.10.2013 - 11:25