Австриски доктор смисли посебен сок кој го користи за лекување - терапијата трае 42 дена
Бројсовата диета против тешките болести е развиена од страна на познатиот австриски народен лекар, стручњак за народна медицина Рудолф Бројс. Станува збор за метода на терапевтско изгладување кај заболените.
Бројсовата терапија со гладување, според искуството на самиот лекар и неговите следбеници до 1980 година успешно е спроведена и има излекувано над 40 000 болни од рак. Според него, ракот е целосно самостојна творба во нашиот организам за чиј развој, раст и напредок најзаслужни се белковините, кои во најголема мера се наоѓаат во секојдневната цврста храна што ја консумираме. Тоталната терапија според Бројс е, пред се, внесување на природни сокови од органски зеленчук, во комбинација со гладување.
Бројсовите сокови во себе не содржат белковини и придонесуваат организмот да почне да ги црпи од самиот тумор, што на крај ќе доведе до негово разградување и со тоа излекување на болниот. Бројсовата диета подразбира целосно исфрлање од исхраната на цврста храна која во себе содржи белковини во период од шест недели или 42 дена. Тоа е временски период кој на организмот ќе му овозможи да ги разгради и да ги излачи сите нездрави материи што сме ги внеле во него преку храната, нездравите пијалаци, па дури и оние материи кои сме ги внеле со самото дишење. По само 21 ден од примената на тоталната терапија, организмот почнува да заздравува и опоравува, а по истекот на 42 ден целосно ќе се обнови, под услов прецизно да се придржувате до концептот. Во насока на својот метод на лекување, д-р Бројс користи природни сокови од коренест зеленчук. Диетата се состои од консумирање на 3 до 5 дл сок направен од цвекло, кое влегува во содржината на сокот со околку 50 %, корен од целер (20 %), морков (20 %), ротквичка (2 %) и суров компир (околу 3 %, но само во случај на рак на црн дроб). Самиот бројсов сок воопшто не содржи белковини, што е клучно за лекување на карцином, бидејќи нашето тело не може да живее без нив, така што на крвта на која белковините и се потребни, ги бара во се што е вишок, па така и во отечени ткива, нечистотии… На тој начин доаѓа до разградување на туморот.
Рецепт за бројсов сок
ВАЖНО: Ефектот на овој сок е ефективен само доколку за негова подготовка користите само органски производи
300 г цвекло или 50 % 100 г корен од целер
100 г морков
30 г црна ротквичка
Најдобро е сокот да се подготви во соковник, при што треба да се отстранат сите цврсти делови (вклучително и талогот). Пред да ја започнете диетата мора да се консултирате со својот лекар. Во зависност од стадиумот и состојбата на заболените органи и ткива, се пие и бројсов чај и тоа до два литра дневно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа