Денеска напладне Вардар ги пушта во продажба билети за дуелите со Мешков и Кјелце
РК Вардар од денес напладне ги пушта во продажба поединечните билети за следниот два домашни натпревари во ЕХФ лигата на шампионите против Мешков Брест и Кјелце.
Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и онлајн преку www.ticketplus.mk
Натпреварот Вардар – Мешков е закажан за 3 ноември 2019 година во СЦ „Јане Сандански” 17 часот.
Натпреварот Вардар – Кјелце е закажан за 9 ноември 2019 година во СЦ „Јане Сандански” во 17:30 часот
Цената на поединечните билетите за натпреварите со Мешков и со Кјелце се:
* трибина – 350 денари
* А блок – 400 денари
(Цената се однесува за еден натпревар)
Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн – www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа