Две од загинатите момчиња се од Кисела Вода две од Гази Баба - детали за трагедијата во Скопје

 

Утрово во страотна сообраќајна несреќа кај Рампа во центарот на СКопје животот го загубија младите Александар Стаиќ, Борче Стаиќ, Горан Ѓоргиев, Живко Колев и Филип Биркаш, на возраст од 27 и 28 години.

Според инфирмациите до кои дојде порталот Курир, две од трагично загинатите момчиња се од Кисела Вода, додека други две се од општината Гази Баба. 

Утрово до несреќата дошло кога петте момчиња со своето БМВ изгубиле контрола и удриле во подрумот на Пазарната инспекција, а според првичните сомневања, најверојатно момчињата возеле со 200 километри на час.

Сеуште се истражува кои се причините за сообраќајната несреќа.

11.10.2013 - 13:48

најчитано сега