ФИФА со соопштение по обвинувањата дека Меси добил лажни гласови

 

Светската фудбалска федерација (ФИФА) повторно е во центар на скандал, откако утринава беше објавено дека капитените на неколку репрезентации не гласале за Лионел Меси во изборот на наградата за најдобар фудбалер за 2019 година.

Меси во понеделникот ја доби наградата за најдобар фудбалер во светот во 2019 година, откако собра повеќе гласови од конкуренцијата Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо, но потоа беа објавени обвинувања до ФИФА.

Меѓутоа, од ФИФА порачаа дека тоа не е вистина, односно дека не биле прекршени правилата. Тие потврдија дека Аргентинецот имал најголем број гласови, па никој не лажирал ништо.

„Проверени се документите за гласање од Фудбалските сојузи на Никарагва, Судан и Египет. Сите документи се потпишани од нивните Сојузи. Гласовите кои ги објавивме се тие што ни беа испратени. Се надеваме дека тие Сојузи ќе проверат дда не има некои неправилности кај нив“, порачале од ФИФА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.09.2019 - 22:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега