СДСМ: Против Шиповиќ се води почитичка хајка

 

Хајката која МВР ја започна против претседавачот на Советот на општина Центар Шиповиќ покажува дека ова е политичка и одмаздничка, а не правна акција.

Срамота е да се тврди дека Шиповиќ е во бегство, кога и советниците од ДПМНЕ од Центар знаат дека  тој е повеќе од 3 недели во странство заради здравствени причини на член на неговото најтесно семејство.

Срамота и нехумано!

По се изгледа, ова е уште еден обид на власта да ја блокира општината Центар и да ја погази волјата на нејзините граѓани.  

 

Откако не ја заштити општината и советниците од платените протестанти кои фрлаа со камења, МВР и денес продолжува да тера политика и да ја крши уставната и законска гаранција за пресумпција на невиност со голема и веќе видена медиумска злоупотреба.  

(Интегалрен текст од прес конференција  на Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ)

09.10.2013 - 18:33

најчитано сега