Тактичко-теренска вежба на „Криволак“ и „Пепелиште“

На Армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука „Пепелиште“ се одржува воена тактичко-теренска вежба „Македонски блесок 9“.

Во вежбата ќе учествуваат  1.700 учесници, информира потполковник Зоран Илов, директор на вежбата.

- Формирањето сили направени за конкретна задача, како исклучително сложена форма, е предизвик и за многу поголеми и посовремени армии и претставува врв на организација на една војска. АРМ успеа тоа да го направи двапати за помалку од еден месец и од премногу скромност не кажуваме што можат да направат нашите офицери.Од сите единици-гарнизони на АРМ без никакви подготовки се издава борбена заповед, се организираат тактички маршеви, единиците се собираат на „Криволак“ каде им се дава нова задача, кјоа  ја решаваат и тоа завршува со гаѓање, појасни генерал-мајор Величковски. Тој меѓу другото истакна дека на „Македонски блесок 9“ ќе има дополнително артилерија, тенкови и воздушна поддршка, а сето тоа поддржано со пешадија, за да се види како тој времен состав ќе реагира на таквите ризици.

Директорот на оценувачкиот тим потполковник Ѓоко Максимов, информира дека ќе се оценуваат подготовките и плановите, операциите, логистиката, врските и администрацијата.

- Во текот на вежбата ќе вршиме самооценување Ниво 2, на средната пешадиска батаљонска група. Истовремено на оваа вежба ќе се врши НАТО оценување Ниво 1, од страна на НАТО - тим од Здружената команда во Неапол, на полската болница рол 2, рече потполковник Максимов.

09.10.2013 - 13:15
Фото: 
Плусинфо

најчитано сега