Превртениот камион во Ѓорче Петров не носел пиво за Македонија
Прилепска пиварница информиа дека камионот кој утрово се преврте во Ѓорче Петров нема никаква поврзаност со компанијата, ниту пак пивото било наменето за македонскиот пазар.
„Со оваа изјава сакаме да објасниме и да ги избегнеме сите забуни во врска со камионот што се преврте рано утринава на кружниот тек во Ѓорче Петров. Имено, иако камионот превезувал пиво Туборг, тоа не е камион на Прилепска Пиварница и пренесуваното пиво не е наменето за македонскиот пазар. Според нашите сознанија станува збор за камион со роба што транзитирал од Албанија за Романија.
Прилепска Пиварница секогаш се грижи за начинот на транспорт на производите како битен аспект за зачувување на квалитетот, за својата дистрибутивна мрежа и секако притоа да не биде предизвикуван хаос во сообраќајот. Со истата внимателност ќе продолжиме и понатаму затоа што пред сè Прилепска Пиварница подеднакво ја дели својата одговорност и обврска кон своите потрошувачи, вработените и соработниците“ - стои во соопштението до Прилепска Пиварница