Реномирани светски компании и личности дел од Вториот глобален инвестициски самит во Охрид

Денеска и утре во Охрид се одржува Вториот глобален инвестициски самит на кој ќе учествуваат бројни реномирани светски компании и еминентни личности.  Над 350 учесници од повеќе земји во светот во рамки на самитот предвидено е да дебатираат за можностите за поголема економска соработка. 

На самитот во организација на Македонија 2025 учество ќе земат компании од преку 20 држави како САД, Австралија, Кина, Јапонија, Шведска, Германија, Холандија, Турција, Унгарија и 30 светски познати компании како Phillips USA, Telus Canada, Canadian Bombardier, Deutsche Telekom Group, MindTree India, Acibadem Turkey. 

Свое обраќање ќе имаат Санеди Ог од Блекстон, Крис Главин - поранешен извршен директор на Моторола, Хубертус ван дер Ваарт од СЕАФ, Самих Елхаг кој оваа година стана финансиски директор на Нокија решенија и мрежи. Исто така, во Охрид се и познатиот бизнисмен Џон Битов како и Мајк Зафировски кој го има искуството како генерален менаџер во повеќе светски компании. Учество ќе земат и  Филип Ван Хол, основач на светскиот бренд Ван Хол Белгија, Мехмед Али Ајдинлар, претседател на одборот Аџибадем клиники.

Денеска на самитот предведено е да се обрати и макеоднскиот премиер, Никола Груевски.

09.10.2013 - 11:02
Фото: 
А1.он

најчитано сега