Груевски ќе се обрати на Вториот глобален инвестициски самит во Охрид

 

Денеска претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, ќе се обрати на Македонија-Глобален инвестициски самит 2013, во организација на групацијата Македонија 2025.

 

Инаку, над 350 учесници од повеќе земји во светот денеска и утре во Охрид во рамките на самитот ќе дебатираат за можностите за поголема економска соработка. 

Освен премиерот Груевски, на самитот ќе бидат дел и амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс, претседавачот на Одборот на директори на „Македонија 2025“ Мајк Зафировски и на претседавачот на Самитот Зоран Мартиновски. 

- Министерот за странски инвестиции Веле Самак се погрижи да имаме присуство на претставници на највисоко ниво од Ван Хол од Белгија, Дрекселмаер од Германија и други потенцијални странски инвеститори. Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, исто така, покани голем број заинтересирани странски инвеститори од САД. Посебно е значајна и активноста на Инвест Македонија, кои преку своите економски промотори во Охрид ќе донесат претставници на големи компании од Албанија, Јапонија, Кина, како и повеќе претставници на Адмилиа Холдинг Лтд, кој интегрира 70 италијански претприемачи кои разгледуваат опции за реализирање на инвестициски проекти во Македонија, информираат од „Македонија 2025“.

09.10.2013 - 09:32
Фото: 
Новатв.мк

најчитано сега