Пратениците и денеска ќе расправаат за буџетот на Македонија
И денеска пратениците со полни раце работа. Сдници во македонското Собрание ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за европски прашања, за еднакви можности на жените и мажите, за труд и социјална политика, за економски прашања и за финансирање и буџет.
Членовите на Комисијата за европски прашања ќе продолжат со надзорната расправа на тема „Користење на фондовите од инструментот за пристапна помош-ИПА во Република Македонија“, додека Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе презентира извештај за спроведување на Акцискиот план на Република Македонија за имплементација на Резулуцијата на ОН 1325.
На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е Предлог-законот за дополнување на Законот за вработување и работа на странци, на дневен ред на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, додека членовите на комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат за Предлог-изменување и дополнување на буџетот на Република Македонија за 2013 година.