Груевски предложи- владата усвои: Коридорот 8 да се именува по Мајка Тереза
По предлог на премиерот Никола Груевски, Владата донесе одлука Коридорот 8 да се именува според големата хуманитарка и нобеловка, по потекло од Македонија, Мајка Тереза. Коридорот 8 е од Крива Паланка до Куманово, и од Скопје-Тетово-Гостивар-Кичево-Охрид-Струга до граница со Албанија.
Неофицијално се дознава и дека по предлог на груевски, автопатот Скопје-Штип ќе се именува Гоце Делчев.
08.10.2013 - 20:52