Расправа за користењето на ИПА фондовите во Македонија
Денеска се одржува четвртото продолжение на надзорната расправа „Користење на фондовите од инструментот за пристапна помош - ИПА во Република Македонија“.
Пред собраниската комисија за европски прашања, вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски истакна дека реализирани или во тек се неколку големи инфраструктурни проекти финансирани со средства од ИПА програмата. Тој ги напомена Коридорот 10, инвестиција над 200 милиони евра од кои околу 20 отсто се ИПА средства, како и модернизцијата на железничките станици во Скопје.
- Од компонентата 4-развој на човечки ресусри во изминатиот период реализирани се проекти за техничка помош на Агенцијата за вработување за воведување стандарди и услуги за невработените и за работодавачите, изработен модел за долгорочно предвидување на пазарот на трудот..., рече Пешевски пред членовите на Комисијата.
Денеска и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, соопшти дека Министерството има на располагање 109 милиони евра, од кои најголем дел ќе бидат наменети за изградба на автопатската делница Демиркапија - Смоквица, дел од Kоридорот 10 во висина од 45 милиони евра.
- Заклучно со декекмври 2013 година согласно со акцискиот план ќе имаме потрошено 38 проценти од ИПА средствата што е еден солиден процент или 41 милион и 500 илјади евра, подвлече Јанакиески.
Исто така и Тахир Хани, министерот за локална самоуправа образложи дека Министерството релизира проекти за прекугранична соработка.