Министерот Адеми на Самит за води во Будимпешта
Од денеска македонскиот министер за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, ќе биде дел од Самитот за води, во Будимпешта.
Самитот трае до 11 октомври а има за цел да се сумираат различните случувања во рамки на системот на ОН и надвор од него во поглед на подготовката на целите поврзани со водите за развојната агенда по Рио + 20.Ќе се дискутира за најсериозните предизвици на водите и нивното пречистување.
08.10.2013 - 09:10
Фото:
Нова Македонија