СДСМ: Груевски нема искрени намери за фер избори

 

Доколку ВМРО-ДПМНЕ е навистина заинтересирана за прочистување на Избирачкиот список, тоа може да го направи многу едноставно. Нека им даде задолжение на членовите на ДИК од нивните редови, да не ги опструираат и да ги поддржат сите активности на ДИК за прочистување на Избирачкиот список.

Дополнително, укажуваме дека за Избирачкиот список вистинската адреса е МВР коешто го подготвува списокот и го праќа до ДИК. Токму МВР на криминален начин запиша фантомски гласачи, со цел ВМРО-ДПМНЕ да манипулира со изборите.

 

Што се однесува до измените во изборното законoдавство, што ВМРО-ДПМНЕ и Груевски го премолчуваат, тие веднаш можат, преку министерството за правда да ги предложат измените што се препорака од ОБСЕ и ОДИХР. Примената на препораките на ОБСЕ и ОДИХР за измени во Изборниот законик, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ веќе со години ја избегнуваат. Немањето волја за нивна имплементација од страна на Груевски, фрла сенка врз неговите искрени намери за фер и демократски избори.

Интегрален текст од реакција на СДСМ.

07.10.2013 - 15:57

најчитано сега