Македонска делегација во дводневна посета на Агенцијата за биомедицина во Франција
Делегација предводена од директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова од денеска е во дводневна посета на Агенцијата за биомедицина во Сент Денис во Франција.
Во состав на делегацијата се и претседателот на Лекарска комора на Македонија, Кочо Чакалароски, доктор Сашо Дохчев од Клиниката за урологија и доктор Игор Николов од Клиника за нефрологија, а целта е делегацијата да ја запознае работата на Агенцијата за биомедицина во Сент Денис во Франција и да се запознае со сите важни сегменти кои се неопходни за функционирање на трансплантацијата, стои во соопштението на ФЗОМ.
За утре предвидено е македонската делегација да ја посети клиниката за нефрологија и Клиниката за ургентни состојби во Свети Луј, Париз.
Посетата е резултат на соработката која е воспоставена меѓу Агенцијата за биомедицина од Франција и Фондот за здравствено осигурување на Македонија.