Меси одби да го земе медалот: Не сакам да бидам дел од корупцијата (ВИДЕО)

 

Фудбаската репрезентација на Аргентина го заврши својот настап во Копа Америка со освоено трето место откако ја порази репрезентацијата на Чиле со резултат 2:1.

Но, тоа што остави сенка на натпреварот беше црвениот картон што го доби аргентинскиот капитен во 37 минута, по инцидентот со репрезентативецот на Чиле Гари Медел кој исто така беше исклучен од игра. Ваквиот потег на судијата уште повеќе ја зголеми разочараноста на Меси од целата организација на првенството така што дури одби да го прими бронзениот медал.

– Мислам дека денеска добив црвен картон поради моите поранешни зборови за судиите на првенството, ова е навистина срамно, изјави Меси.

Но најдобриот играч на светот не застан тука, тој обвини за постоење на корупција, дека целото првенство е наместено и дека Бразил сигурно ќе биде шампион.

– Не сакав да го земам медалот за третопласирана репрезентација бидејќи не сакам да бидам дел од корупцијата. Воопшто не се сомневам дека Бразил ќе биде шампион. За нив се беше наместено, обвини Меси.

Инаку, вo финалето на Копа што ќе се игра вечерва ќе се сретнат домаќините Бразил и годинешното изненадување во првенството Перу.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2019 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега