Скопјани овој месец за парно ќе платат 2 пати
Скопјани се уште имаат студени радијатори иако грејната сезона, според сите параметри, требаше да биде започната уште пред почетокот на викендов. Компаниите задолжени да ги греат граѓаните на метрополата тактизираат, иако температурите надвор, често доаѓаат близу до нулата. Согласно Правилникот за толинска енергија, скопјани треба да добијат парно доколку 3 дена по ред температурите во 21 часот се пониски од 13 степени. Иако ниски температури имаме веќе цела недела, во главниот град парно, се уште нема. Компаниите задолжени за поизводство и дистрибуција на топлинска енергија велат дека се комплетно подготвени за стартот на грејната сезона, но радијаторите, остануваат студени.
Во скопските домови температурата паѓа и под 18 степени што ги тера граѓаните да ги вклучат електричните греалки и клима уредите. Тоа повлекува зголемена потрошувачка на електрична енергија, што значи дека покрај сметката за парно, во окотомври граѓаните ќе треба да ис платат и греење на струја, што значи дека за една иста услуга ќе платат 2 пати