ВМРО-ДПМНЕ: Психолозите и педагозите ќе се вработуваат регуларно и преку транспарентна постапка

 

Вработувањето на 294-те психолози и педагози во средните и основните училишта ќе се изврши преку транспарентна и отворена постапка, при што ќе се запазат сите законски правила и процедури, реагира денеска Сашо Трпевски од ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на Петар Атанасов СДСМ.

- Вработувањата за кои зборуваше СДСМ се прават како резултат на децениски застој и стагнација, која систематски беше спроведувана од владите на СДСМ во оваа сфера. Тоа запоставување силно почна да се чувствува во образовниот процес. Ја разбираме потребата на СДСМ секојдневно да излегува на прес конференции, но не можеме да разбереме тоа што СДСМ започна да критикува зошто се вработуваат граѓани, истакна Трпевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска потсетуваат дека за разлика од СДСМ, сега се обезбедени бесплатни учебници, намалена е партиципацијата за студирање, отворени се нови унизерзитети и се градат нови училишта. 

06.10.2013 - 15:59

најчитано сега