ВМРО-ДППМЕ: Андреј Жерновски ќе заработи тужба
Нервозната реакција на градоначалникот Андреј Жерновски и заканата за тужба во врска со скандалот со трошењето на огромни суми на пари за рекламирање е само израз на паника и неуспешен обид да се одбегне одговорноста.
Прво, ова е скандал кој го објавија во јавноста медиумите и сосема легитимно е да се побара од надлежните органи, во овој случај Државната комисија за спречување на корупција да го испита овој случај, каде има основано сомневање дека станува збор за корупција и перење на пари. Никој не е над Законот, вклучувајќи го и г-динот Жерновски. Тој не може да тужи зошто беше побарано од надлежните институции да го испитаат неговото работење. Ако Жерновски е фатен на дело и смета дека по теркот на неговиот коалициски партнер Заев треба да биде амнестиран тогаш тоа треба јавно да го побара и каже.
Второ, ако г-динот Жерновски беше чист, зошто ја крие целосната документација и не презентираше ниту еден документ како поткрепа на она што го говори. Епа г-дине Жерновски вашите лаги се едно, документите говорат друго. Ова е договор за рекламирање на кој стои потписот на Андреј Жерновски и Милана Смилевска како управител на фирмата Креатиф Маркетинг. Истовремено Милана Смилевска како што објавија медиумите е клиент сервис директор на фирмата Генезис комуникации која е креатор на секоја политичка кампања на СДСМ. Вистинското прашање е, уште колку вакви договори има потпишано г-динот Жерновски, за колку пари и дали со ваквите договори се финансираат политичките и партиски активности на коалицијата?
Трето, сосема е нејасно по кои критериуми се делат парите за реклами на медиумите и зошто селективно се избираат медиумите на кој Жерновски и Општината се рекламира? Ова е вистинското прашање на кое Андреј Жерновски требаше да одговори.
Почитувани,
Бидејќи г-динот Андреј Жерновски освен навреди, расфрлања со закани за тужби не презентираше ниту еден документ, ќе се соочи од мене лично за тужба за клевата и нарушување на углед. Г-дине Жерновски, вашите навреди не поминуваат. Ние сме убедени дека ја говориме вистината и за разлика од вас, презентираме и документи кои ја докажуваат вистината. Останува фактот дека рекламниот октопод е единствениот проект по кој засега ќе се памети работењето на Жерновски.
(Интегрален текст од прес -конференција на Даниела Рангелова, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ)