Едно лице во болница цело семејство на улица - пожар проголта цела куќа во Гостивар

 

Бесен пожар синоќа проголта покрив и еден кат од куќа во гостиварската населба Грудајци. Пламените јазици ја уништиле покуќнината и личните работи на единаесетчленото семејство кое живеело во куќата, а полесни повреди заработило едно лице. 

Според информациите од гостиварската противпарна единица. пожарот бил пријавен вчера околу 21 часот. Со пламените јазици се бореле три возила, но, сепак, огнот успеал да го уништи домот на гостиварското семејство, пренесува МИА.

Синот на сопственикот на куќата, Дритон Абдули изјаввил дека пожарот избувнал по силен звук на таванот, пренесува МИА. Семејството се исплашило и веднаш ја напуштило куќата. Единаесетќленото семејство, во кое има и три малолетни деца апелира до надлежните институции да им се помогне, бидејќи, како што велат, не можат сам да се справат со несреќата.

Полициска екипа во моментов ги расветлува причините кои довеле до пожарот. Материјалната штета сé уште не е утврдена.

05.10.2013 - 13:47

најчитано сега